Često postavljana pitanja
ВИСТИНСКИ КОМПЛЕКС НА ВИТАМИН Б

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

  • Што е Поливит Б?
    Поливит Б е граничен производ кој содржи комплекс на витамини од групата Б, неопходни за нормално одржување на физиолошките и метаболни процеси во организмот. Витамините од групата Б поволно делуваат на функцијата на кожата и слузокожата, нервниот, кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем.

    Поливит Б филм-обложените таблети:

    • Придонесуваат за ефикасноста на енергетскиот метаболизам,
    • Ублажување на заморот и исцрпеноста,
    • Придонесуваат во ефикасноста на процесот на еритропоеза,
    • Придонесуваат во одржувањето на нормалните психолошки и ментални функции,
    • Го намалуваат ризикот од оштетување на нервите,
    • Го намалуваат ризикот за нутритивен дефицит предизвикан од различни фактори (намалена апсорбција на Б витамини на пр. поради подолга употреба на антибиотици, разни диети и др.),
    • Неопходни се кај секојдневното консумирање на алкохол,
    • Придонесуваат во ефикасноста на спортистите и рекреативците, како и виталноста кај здравите лица.
  • Што е Поливит Б плус?
    POLIVIT B PLUS е граничен производ кој содржи комплекс на витамини од групата Б, вклучувајќи и активен фолат. Витамините од Б групата учествуваат во одржувањето на нормалните физиолошки и метаболички процеси во организмот, придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем, го намалуваат заморот и исцрпеноста, поволно делуваат на функцијата на кожата и слузокожата, нервниот, кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем и придонесуваат во ефикасноста на енергетскиот метаболизам.
  • Како се употребуваат Поливит Б / Поливит Б плус?
    Препорачана дневна доза на Поливит Б за возрасни и деца над 15 годишна возраст е 1 таблета на ден.

    Препорачана дневна доза на Поливит Б плус е 1 таблета на ден за деца постари од 6 години, возрасни, бремени жени и доилки.
  • Дали можат бремени жени и доилки да користат Поливит Б плус?
    Поливит Б плус е наменет за сите бремени жени и доилки, бидејќи сејодневната примена ги подмирува дневните потреби на организмот за витамини од Б- групата. Присутсвото на активниот фолат обезбедува раст на јачиното ткиво во текот на бременоста и создавање на црвени крвни зрнца.
  • Кога доаѓа до дефицит на витамини од Б- групата?
    До дефицит на витамин Б – групата доаѓа како резултат на неадекватен внес , зголемени потреби, ложа апсорпција и/или лоша искористливост.
  • Кој лица имаат зголемени потреби за витамини од Б групата?
    Зголемена потреба за витамини од Б групата имаат деца и адолесценти, бремени жени, лица со дијабетес, лица изложени на стрес и зголемено физичко и психичко напрегнување, лица кои често конзумираат алкохол, рафиниран шеќер, кафе.
    Зголемени потреби исто така имаат и рековаленценти после прележани инефктивни заболувања или хируршки интервенции , како и сите хонични болести.
  • Што е активен фолат кој го содржи Поливит Б плус?
    Фолната киселина (витамин Б) претставува неактивен облик кој организмот може да го искористи кога ензимите ќе го претворат во активен облик- активен фолат односно L - metilfolat. Ензимот кој е одговорен за претворање од неактивен во активен фолат недостасува кај 40% и 60 % од светската популација. Поради тоа суплементација со активен облик е најдобра опција за избегнување на дефицит на фолна киселина.