Поливит Б
ВИСТИНСКИ КОМПЛЕКС НА ВИТАМИН Б
ПОЛИВИТ Б

ПОЛИВИТ Б е граничен производ кој содржи комплекс на витамини од групата Б неопходни за нормално одржување на физиолошките и метаболни процеси во организмот.
Витамините од групата Б поволно делуваат на функцијата на кожата и слузокожата, нервниот, кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем.
ПОЛИВИТ Б филм-обложените таблети придонесуваат:
• за ефикасноста на енергетскиот метаболизам,
• ублажување на заморот и исцрпеноста,
• во ефикасноста на процесот на еритропоеза,
• во одржувањето на нормалните психолошки и ментални функции,
• го намалуваат ризикот од оштетување на нервите,
• го намалуваат ризикот за нутритивен дефицит предизвикан од различни фактори,
• кај секојдневното консумирање на алкохол,
• во ефикасноста на спортистите и рекреативците, како и виталност кај постарите лица.
АКТИВНИ СУПСТАНЦИИ:



Помошни супстанции: Лактоза, скроб, стабилизатор хидроксипропилметилцелулоза, талк, средства против згрутчување, силициум диоксид и магнезиум стеарат, полиетиленгликол 6000, стабилизатор поливинилпиролидон, бои Е 171, Е 110, Е 122, Е 151.
КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД ПОЛИВИТ Б

Препорачана дневна доза за возрасни и деца над 15 годишна возраст е 1 таблета на ден.



Граничниот производ POLIVIT B содржи лактоза. Доколку Вашиот лекар Ви има кажано дека имате болест на неподносливост на некои шеќери, пред да започнете со употребата на овој производ советувајте се со Вашиот лекар. Производот не е наменет за употреба кај трудници и доилки.

Употреба на други медицински производи
Не употребувајте POLIVIT B ако сте на терапија со леводопа. Ако истовремено употребувате трициклични антидепресиви, алфа-1 блокатори или сулфонамиди, треба да консултирате лекар. Производот содржи адитиви E 171, E 122 и E 151 кои можат да предизвикаат алергиска реакција.
При употреба на многу високи дози на витамин Б1 (повеќе од 10 g) може да дојде до нарушување на вегетативниот нервен систем. Во случај на предозирање престанете со употребата на производот и обратете се кај Вашиот лекар.

Доколку заборавите да го употребите POLIVIT B:
Пропуштената доза пробајте да ја земете веднаш штом ќе се сетите. Меѓутоа, не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. На тој начин не би можеле да ја надоместите пропуштената доза туку само би се изложиле на опасност од предозирање.

Како изгледа и што содржи пакувањето во граничниот производ POLIVIT B
Филм-обложени таблети.
30 филм-обложени таблети во блистер пакување (2 x 15)/кутија.

Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет
ХЕМОФАРМ А.Д. ФАРМАЦЕВТСКО – ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ПРЕТСТАВНИШТВО СКОПЈЕ
ул. Митрополит Теодосиј Гологанов 60Б 1/4-5, Скопје, Р.Македонија