Витамин Б
ВИСТИНСКИ КОМПЛЕКС НА ВИТАМИН Б
ВИТАМИН Б
Името витамин потекнува од латинскиот збор „vita“ (живот) и хемиското име „amin“ што значи дека витамините се од витално (есенцијално) значење за животот и здравјето на луѓето, тие не можат да се создадат во човечкото тело затоа мора да се земаат со храна или во форма на гранични производи или додатоци на храна.

Витамините се група на органски соединенија со различна хемиска структура и својства, кои му се потребни на човечкото тело во исклучително мали количини (милиграми или микрограми) и се неопходни за раст, развој, репродукција и разни метаболички процеси и функции. Витамините според растворливоста се делат на витамини растворливи во вода и витамини растворливи во масти.

Секој од витамините од групата Б има своја специфична улога, нивните функции се меѓусебно поврзани и комплементарни, и поради тоа најчесто се оправдува истовремената суплементацијата со сите витамини од Б-комплексот.

Витамините од групата Б имаат корисен ефект (поволно влијаат) врз функцијата на кожата и мукозните мембрани, нервниот, кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем.
КОИ ВИТАМИНИ СПАЃААТ ВО ВИТАМИНИ ОД Б- ГРУПАТА?
Витамини од Б-групата се:


• витамин Б1(тиамин),

• витамин Б2 (рибофлавин),

• витамин Б3 (ниацин),

• витамин Б5 (пантотеинска киселина),

• vitamin B6 ( пиридоксин),

• vitamin B10 (P- аминобензоева киселина),

• и vitamin B12 (цијанкобаламин ).
Витамините од Б-групата се растворливи во вода, имаат важна улога во одржување на доброто здравје и во намалување на ризикот за настанување на болести.Во организмот на човекот, витамините од Б-групата најчесто се коензими на ензимите кои регулираат многубројни важни животни функции.Коензимите се условни ( задолжителни) за оптимална активност на ензимите.

Витамините од Б-групата мораат да се внесуваат со храна , во облик на гранични производи или додатоци на исхрана.
ЗАШТО СЕ ВАЖНИ ВИТАМИНИТЕ ОД Б- ГРУПАТА?

Витамините од Б-групата имаат животно важни улоги во организмот на човекот.
Витамин Б1 има важна улога во метаболизмот на масти и јалгенихидрати во создавање на енергија и спроведувањето на нервните импулси.

Витамин Б2 е значаен за процесот на создавање на енергија од хранливите материи јаглени хидрати, масти и протеини).

Витамин Б3 како коензим , помага за правилно функционирање на различни ензими, учествува во создавање на енергија од хранливите материи ( нутриентите ) и учествува во синтеза на масните киселини.

Витамин Б6 е вклучен во метаболизмот на јаглените хидратим масти и протеини, коензим е на повеќе од 100 ензими кои учествуваат во различни метаболички процеси. Витамин Б6 е важен за правилно функционирање на нервниот систем, бидејќи е неопходен за создавање на серотонин и други неуротрансмитери. Во синтезата на хемоглобин, витамин Б6 има значајна улога.
Витамин Б12 е важен за метаболизам на фолната киселина и создавање на енергија. Клучен е за развој на почетна миелинизација на централниот нервен систем (миелин е обвивка на нервното влакно (и одржување на функцијата на централниот нервен систем.

Пантотеинската киселина витамин Б5 влегува во составот на важното метаболичко соединение, конезим А и има незаменлива улога во метаболизмот на масти, јаглени хидрати и протеини, односно во создавањето на енергија. Пантотеинската киселина учествува во создавањето на хемоглобин.

р- аминобензоева киселина (витамин Б10) учествува во метаболизамот на железото, зголемува создавање на фолна киселина и влијае на созревањето на црвените крвни зрнца.
Кога може да се појави недостаток на витамини од Б-групата?