Поливит Б плус- НОВО!
ДОДАЈТЕ ПЛУС
НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ
• Комплекс на витамини од групата Б, вклучувајќи и активен фолат
• Витамини B1, B2, B3, B5, B6, B12, биотин и активен фолат
• Граничен производ
ПОЛИВИТ Б ПЛУС

Поливит Б плус
е граничен производ кој содржи комплекс на витамини од групата Б, вклучувајќи и активен фолат. Витамините од групата Б – Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацин), Б5 (пантотенска киселина), Б6 (пиридоксин), Б9 (фолна киселина) и Б12 (цијанкобаламин) припаѓаат на групата на хидросолубилни витамини. Организмот не може сам да ги синтетизира, затоа е неопходно секојдневно да се внесуваат преку здрава и урамнотежена исхрана.

Со примена на препаратот Поливит Б плус се подмируват дневните потреби на организмот за фолати и останати витамини од Б- групата.

Витамините од Б групата учествуваат во одржувањето на нормалните физиолошки и метаболички процеси во организмот, придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем, го намалуваат заморот и исцрпеноста, поволно делуваат на функцијата на кожата и слузокожата, нервниот, кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем и придонесуваат во ефикасноста на енергетскиот метаболизам.

При еднолична и/ или нутритивно сиромашна исхрана како и состојби во кои може да дојде до намалена аспробција и/или зголемени потреби за витамини од Б-групата, оправдано е нивното надоместување. Бидејќи изворите на витамините од Б- групата како и механизмот на ресорпција се слични, често се сретнува истовремен недостаток на повеќе витамини од оваа група, одколку дефицит само на еден од нив.

Заради тоа витамините од Б- групата често се применуваат во вид на гранични производи или додатоци на исхрана кои содржат комбинација на витамини.
Со примена на производот Поливит Б плус се подмируваат дневните потреби на организмот за фолати и останати витамини од Б- групата. Фолната киселина (витамин Б) претставува неактивен облик кој организмот може да го искористи кога ензимите ќе го претворат во активен облик- активен фолат односно L - metilfolat. Се претпоставува дека помеѓу 40% и 60% од светската популација, поради генетски полиморфизам, нема можност за конвертирање на фолната киселина во активен фолат биорасположива форма која организмот може да ја искористи. Поради тоа суплементацијата со активен фолат, може да биде најдобра опција за избегнување на дефицит на фолна киселина, заради полошата биорасположивост на самата фолна киселина. Фолатот има улога во процесот на делба на клетките, кај бременост придонесува за раст на ткивото на мајката и придонесува за нормална синтеза на аминокиселини. Фолатот исто така придонесува и за нормална психолошка функција, нормален метаболизам на хомоцистеин, намалување на заморот и исцрпеноста и воедно придонесува за нормално создавање на крв.
Во многу метаболички реакции во организмот потребни се витамин Б1(тиамин), витамин Б2 (рибофлавин), витамин Б3 (ниацин), витамин Б6 (пиридоксин),витамин Б5 B5(пантотенска киселина)и витамин Б7 (биотин), кои се кофактори на метаболитичките процеси и играат важна улога во создавање на енергија од јаглените хидрати, мастите и протеините и на тој начин придонесуваат за ефикасност на енергетскиот метаболизам.
Витамин Б2, Б6 и Б12 играат важна улога во процесот на синтеза на црвените крвни зрнца и придонесуваат за ефикасност на процеот на еритропоеза.

Фолатот , витамин Б6 и Б12 придонесуваат за нормална функција на имуниот систем, имаат улога во разградување на хомоцистеинот и негово претварање во цистеин. Нивниот придонес за нормалниот метаболизам на хомоцистеинот поволно делува на кардиоваскуларниот систем. Позитивно влијание врз психолошките функции и за стабилна ментална активност имаат витамините Б1,Б3,Б6,Б7 и витамин Б12. Витамин Б12 е неопходен за создавањеи одржување на интегритетот на миелинската обвивка. Витамин Б6 има улога во синтеза на неуротрансмитерите и придонесува за регулација на хормонската активност. Поволен ефект за одржување на здравјето на кожата и слузокожата даваат витамините Б2, Б3 и биотин, кои дополнително придонесуваат и за здрава коса.

Витамин Б5 придонесува за нормална синтеза и метаболизам на стероидните хормони, витамин Д и некои невротрансмитери и добро делува на менталната способност.
ШТО СОДРЖИ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД POLIVIT B PLUS



Помошни супстанции: Лактоза монохидрат, пченкарен скроб, лактоза-L-хидрат, хидроксипропилметилцелулоза, титан диоксид, црвен железен оксид, полиетиленгликол, поливинилпиролидон, силициум диоксид, талк, магнезиум стеарат.
КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД POLIVIT B PLUS

Секогаш употребувајте POLIVIT B PLUS според препораките дадени во упатството или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

1 таблета на ден за деца постари од 6 години, возрасни, бремени жени и доилки.

Не ја надминувајте препорачаната дневна доза.



ЧУВАЊЕ И РОК НА УПОТРЕБА НА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД POLIVIT B PLUS

Да се чува на температура до 25Сo, во оригинално пакување.
Граничниот производ да се чува на места надвор од поглед и дофат за деца.

Информации за алергените: Содржи лактоза.

Производител на граничниот производ: HEMOFARM A.D., ул. Београдски пут бб, Вршац, Р.Србија

Носител на одобрението за ставање на граничниот производ во промет:
ХЕМОФАРМ А.Д. ФАРМАЦЕВТСКО – ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ПРЕТСТАВНИШТВО СКОПЈЕ
ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр.60Б/1-5, Скопје, Р. Северна Македонија

Пакување: 30 филм-обложени таблети/кутија.