Недостаток на витамин Б
ВИСТИНСКИ КОМПЛЕКС НА ВИТАМИН Б
КОГА МОЖЕ ДА СЕ ПОЈАВИ НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИНИ ОД Б-ГРУПАТА?

Недостаток на комплекс на витамин Б може да се појави поради:
Несоодветен внес:
• вегани,
• вегетаријанци,
• целијачна болест,
• губење на апетит

Зголемени потреби:
• деца и адолесценти во фаза на интензивен раст и развој,
• трудници,
• лица со дијабетес,
• спортисти,
• лица изложени на стерс и зголемена физичка и психичка активност,
• лица кои често консумираат алкохол, рафиниран шеќер, кафе,
• закрепнувања по заразни болести од минатото или хируршки интервенции,
• хроничнo болни пациенти

Лоша апсорпција:
• лица преку 65 години старост,
• лица со хронични дигестивни проблеми,
• лица кои патат од анемија како резултат од недостаток на витамин Б12

Лоша употребливост:
• хемиски облик во кои витамините се наоѓаат во храната,
• присуство на други состојки во храната,
• начин на подготовка на продуктите,
•присуство на антивитамини односно други витамински антагонисти,
• интеракција со друга терапија
Општи причинители за недостаток на витамини од Б-групата во организмот на човекот се:

• недоволен внес
• пореметување на апсорпцијата во дигестивниот тракт
• Helicobacter pylori инфекција
• обемна ресекција на желудникот
• Кронова болест
• болести на панкреасот
• оштетување на црниот дроб
• хроничен алкохолизам
• малигни болести
• хемотерапија
• долготрајно потхранување
• зачестени FAD диети (Fast diet; ,,брзи диети’’)
Постојат и спечифични причинители за недостаток на одделни витамини од Б- групата:

Витамин Б2 - употреба на лекови кои структурно се слични на рибофлавин: некои антипсихотици,трициклични антидепресиви и орални контрацептиви кои содржат естроген.

Витамин Б3 - примена на лекот изониазид во терапија на туберкулоза.

Витамин Б6 - долготрајна примена на лекови како што се: изониазид, леводопа и антиепилептици.

Витамин Б12 - веганска и вегетаријанска исхрана.